
Второлигашот Кожуф кој е предводен од штипскиот тренер Иван Варадиновски промовираше пет нови засилувања за новата сезона која започнува на 23 август.
Се работи за искусниот стопер Дарко Стојанов, штипјанецот во Гевгелија доаѓа од редовите на Слога од Виница, потоа за Христијан Бејков од Вардарски и Бојан Ивчески од Победа, кои исто така ја засилуваат стоперската позиција.
Нови имиња во редовите на Кожуф се дефанзивниот играч за врска Ники Зумровски, кој доаѓа од редовите на Вардар Неготино, како и напаѓачот Албан Мемеди кој доаѓа од редовите на Башкими.
Според нашите информации Кожуф ќе добие уште едно до две засилувања за новата сезона во Втората лига.
Александар Ванев, М-Нет