Ковид пандемијата остави последици, зголемен број заболувања и здравствени проблеми и денес

Зголемен број заболувања и здравствени проблеми по ковид-пандемијата, а последиците од вирусот, според мислењата на граѓаните, се чувствуваат и денес, иако од пандемијата поминаа неколку години. Дел од анкетираните сметаат дека вакцините имаат влијание врз здравјето и појавата на одредени заболувања, додека други посочуваат дека причините треба да се бараат во психичките последици од пандемијата, стравот, намаленото движење и променетиот начин на живот.

И лекарите забележуваат зголемување на одредени болести по Ковид-пандемијата, како и долгорочни компликации по прележаниот вирус, посочувајќи дека никој не е исклучен од ризикот, без разлика на возраста.

,,За жал немаме точни бројки, меѓутоа според она што го гледаме во секојдневната клиничка пракса е дека бројот на мозочни удари и кај помлади пациенти е во рапиден пораст, секако ковид пандемијата ги направи тие долгорочни компликации, такашто и овој апел е, не значи дека ако човекот е млад нема ризик да добие мозочен удар. Тоа не укажува дека соодветна едукација, соодветна контрола на фактори на ризик, водење контрола на нашето здравје, здрави навики, се многу битни во превенција на мозочниот удар“, укажа Ристиќ – Стомнароска

Корона вирусот остави трага врз здравјето на луѓето. Променетиот начин на живот, отуѓеноста, стравот и економската неизвесност се дел од последиците со кои општеството сè уште се соочува.

Ева Тушевска, М-Нет