Книгата „Театарски светлини“ под ракопис на Киро Герасимов вечерва со промоција во Гостивар

Киро Герасимов е новинар, поет и преведувач се до своето пензионирање професионално се занимавал со новинарство и работел како новинар и уредник во Македонската радио телевизија. Зад себе со голем број на издадени книги в областа на поезијата, прозата исто и во областа на историографијата, театар, музика. Неговата поезија е преведена на повеќе странски јазици. Герасимов како новинар има направено стотина репортажи и документарни емисии со настани низ Македонија.

„Книгата насловена „Театарски светлини“ е токму поради тоа што низ годините се собрани материјали, информации што и како е постигнато.“ Изјавува, Герасимов- автор

Неговата нова издадена книга под наслов „Театарски светлини“ вечерва ќе биде промовирана во Големата сала на Националната установа Центар за култура „Асном“во Гостивар

„Промоцијата е закажана за вечерва во Гостивар и се разбира според протоколот за заштита од Ковид-19 и ограничен број на гости. Се надевам дека убаво ќе поминеме и сум во очекување.“ Изјавува, Герасимов- автор

Носечката активност е во Центарот на култура во Гостивар па токму и поради тоа ќе биде таму и промовирана книгата „Театарски светлини“.  Проект кој е финасиран  преку Министерството за култура за 2020 година.  Како автор на оваа книга во наредниве две три недели планирам да промовирам уште две три книги во градот Кочани вели, Герасимов

Надица Стојковска/ М Нет