Клавир, велосипед, телефон, лего коцки, играчки, се желбите на дечињата до Дедо Мраз, очекуваат да им се исполнат

Со полни срца радост и голема новогодишна еуфорија, вчеравечер сите дечињата од Штип се собраа на едно место за да ги испеат новогодишните песни и да ги упатат писмено нвните магични желби под елката на плоштадот во Штип . Клавир, велосипед, телефон, лего коцки, играчки, се нивните желби до Дедо Мраз. Од Општина Штип велат дека градот заклучно до 30 декември ќе биде во новогодишна магија и топло ги поканија сите сограѓани секојдневно да повелат на добра забава и дружба.

Покрај најмалите, вчеравечер се забавуваа и повозрасните, а фактот дека и тие се чувствуваа среќно, можеше да се забележи на лицеместо во нивните очи.

Инаку целта на ваквиот проект е да се создадат магични сеќавања за дечињата, како и да се запознаат тие со вистинската смисла на празнувањето на новогодишните празници, кој вистински треба да се полни со љубов и среќа.

Лаура Стојанова, М-Нет