
Живееме во модерно време и напредната технологија. Плаќањето со платежни картички станува дел од секојдневниот живот кога станува збор за купување или плаќање. Веќе сите маркети имаат уреди за наплата со картичка. И на секој агол се наоѓаат неколку банкомати бидејќи за многу брзо време може да се дојде до одредена готовина на пари. Анкетираните граѓани за М-Нет телевизија велат дека плаќањето со платежна картичка нуди поголема безбедност и затоа доста често плаќаат со картичка наместо со кеш.
„Со картичка најдобро, не носеш пари излезеш од банката имаш банкомат те чека пред вратата. Не е комплицирано ама тоа што се јавуваат да кажеш број на пин, друго трето, да можат да извадат пари од картичката, те тоа не е добро инаку се јавуваат и затоа. Побезбедно е со картичка да.“
„Мислам дека е подобро со картичка. Безбедност и подобар начин на плаќање.“
Друга одредена група на луѓе сметаат дека плаќањето со кеш за нив е подобра варијантна. Иако плаќањето со кеш може да биде ризично бидејќи може да дојде до несакани последици при одземање на новчаникот.
„Плативме со кеш, немаме картичка ние. По мое подобро е кеш, со картичка не знам како е не сум до сега користил. Мислам дека не е побезбедно со пари али што да правеме тоа е тоа.“
„Кеш плаќаме. Па немаме картичка, јас не сум работник како да ти кажам државен работник. Тогаш да имаш картичка.„
„Па да ние веќе не гледаме убаво и картичките ни ги земаат банкоматите. Ако внимаваш не“
Штипјани се децидни и не отстапуваат од стандардното плаќање кеш, иако постои можност да се плаќа и со платежна картичка која е дел од соверемената алатка на банкарството. За ова говори фактот што и многу други земји во светот веќе дигиталното плаќање го имаат воведно како пракса, која се покажа дека одлично функционира каде плаќањето со кеш веќе не е толку актуелно како во минатото.
Лаура Стојанова, М-Нет