Кеги Моби преку пенали сигурна во финалето во Купот на Македонија, ќе го предизвикува Проект

Екипата на Кеги Моби од Велес се пласираше во големото финале од футсал Купот на Македонија, откако преку пенал-рулетот го исфрли Јувентус Серава во натпревар кој беше исклучително израмнет и возбудлив.

4:4 беше резултатот во регуларниот дел, што го однесе натпреварот да се решава преку удари од белата точка.

За тимот на Кеги Моби стрелци беа Петар Левков, кој го отвори резултатот, Трајче Трајков, Стефан Димовски и Кирил Ивановски, а пак за тимот на Јувентус Серава стрелаа Омер Османи, Ќендрим Абази кој беше двоен стрелец и Фуркан Шабани.

Во пенал серијата тимот на Кеги Моби беше подобар, а во последната пенал серија Иван Стојановски успешно го одбрани ударот од белата точка и го однесе неговиот тим во големото финале каде ќе се соочи со Проект.

Инаку, тимот на Проект кој веќе е нов шампион на Македонија сега цели кон двојната круна, односно сака да го освои и Купот, а екипата од Јосифово до финале стигна откако со 11:0 го декласираше Клими.

Александар Ванев, М-Нет