
Викендов штипскиот клуб Гладијатор фајт Штип ќе земе учество на Балкански куп во Тешан, Босна и Херцеговина. На купот ќе се настапат шест борачи од Штип, сите во дисциплина Кик лајт.
Клубот ќе го престават Марио Алексов во категорија до 63 килограми јуниор, Антонија Тасева до 47 килограми, Андреј Алексов до 42 килограми, Рамаданов Мерт до 37 килограми и Зоки Михајловски до 40 килограми сите помлади кадети. За првпат улчество ќе земе и Максим Иванов како најмал член на клубот Гладиојатор – пионер до 24 килограми.
На Балканскиот куп во Тешан ќе учествуваат повеќе држави како Босна и Херцеговина, Србија, Турција, Хрватска, Грција, Романија и Бугарија.
Од штипскиот клуб посочија дека подготовките се прикрај, а учесниците се веќе подготвени за Купов во Босна.
Лаура Стојанова М-Нет