КБ Штип со бесплатно мерење на шеќер во крвта и крвен притисок на плоштадот во Штип, голема заинтересираност од граѓаните

Бесплатно мерење шеќер во крвта и крвен притисок на граѓаните се спроведе денеска на Градскиот Плоштад во Штип, во соработка со универзитетска клиника за неврологија Скопје и КБ Штип, со цел утврдување на ризик факторите за појава мозочен удар. Д-р Елена Личкова, д-р специјалист невролог и субспецијалист неврофизиолог истакна дека заинтересираност е голема и оваа акција има цел да ја подигне свеста кај луѓето за ризиците од мозочните удар, како висок шеќер во крвта, висок крвен притисок, покачени масти и срцеви аритми.

,,Денешната акција е по повод Светскиот ден на мозоќниот удар, во соработка со универзитетска клиника неврологија Скопје и КБ Штип имаме организирано акција за бесплатно мерење гликемија односно шеќер во крвта и мерење на крвен притисок кај пациентитте, со цел да се утврдат ризик факторите за појава на мозочен удар кај истите. Секако дека има заинтересираност кај граѓаните и нашата цел е да ја подигнеме свеста кај луѓето за ризк факторите за мозочен удар во смисла откривање висок шеќер во крвта, откривање покачени масти, висок крвен притисок, одредени срцеви аритми или други состојби и ризици коишто можат да доведат до мозочен удар. Целта е рано да се препознаат симптомите на мозочен удар како што се на пример пореметувања во говор, слабост или одземеност на едната страна од телото, главоболка, појава во пречка на видот, појава на двојни слики, она што би ги натерало луѓето да се јават на лекар, зашто главната цел е брзо да дојдат на лекар, брзо да ја примат терапијата, зашто секоја изгубена минута значи изгубени мозочни клетки“, изјави д-р Личкова

На граѓаните им се мереше крвен притисок и шеќер во крвта, а тие задоволни од акцијата нагласија дека овие превентивни контроли се многу важни и се од големо значење за спречување на мочочните болести.

Докторката Личкова, по повод Светскиот ден на мозочниот удар, упати апел до сите граѓани доколку забележат одредени промени како пореметувања во говор, чести главоболки, пречка во видот, појава на двојки слики, веднаш да се појават на лекар за спречување на мозочен удар.

Ева Тушевска, М-Нет