
Утре ќе бидат одиграни натпреварите од вонредното 16. коло на Првата македонска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на истите.
Алексанадaр Грујоски од Кичево ќе ја дели правдата на мечот меѓу Тиквеш и Работнички, Игор Стојчевски од Скопје ќе биде задолжен да ја дели правдата на мечот меѓу Беса и Брера Струмица.
Ивана Пројковска од Скопје ќе биде главен судија на мечот меѓу шампионот Струга Трим Лум и Пелистер, Јован Качевски од Струга го доби големото дерби меѓу Шкендија и Шкупи кое се игра во Тетово.
Влатко Илиоски од Прилеп ќе го суди мечот во Кратово каде играат Силекс и Воска Спорт, а пак Димитар Пилешков од Штип ќе биде задолжен да ја дели правдата на мечот меѓу Вардар и Гостивар.
Сите натпревари од вонредното 16. коло во Првата лига ќе стартуваат во 13 часот.
Александар Ванев, М-Нет