
Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 27. коло од Првата македонска фудбалска лига, а веќе се делегирани и судиите кои ќе ја делат правдата на сите шест натпревари.
Димитар Пилешков ќе биде главен на „Кукуш“ во Турново каде ќе играат Брера и Воска, Александар Ставрев ќе ја суди скопската пресметка на Работнички и Вардар, Марјан Младеновски ќе им суди на шампионот и лидер Струга и штипска Брегалница.
Бењамин Ќерими ќе ја дели правдата на Шкупи и Македонија ЃП, Јован Качевски ќе биде главен во Тетово каде ќе играат Шкендија и Силекс, а Крумислав Ѓоргиев ќе им суди на Гостивар и Тиквеш.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 27. КОЛО ПРВА ЛИГА:
Брера Струмица – Воска Спорт, Димитар Пилешков (Штип)
Работнички – Вардар, Александар Ставрев (Скопје)
Струга Трим Лум – Брегалница, Марјан Младеноски (Скопје)
Шкупи – Македонија ЃП, Бењамин Ќерими (Скопје)
Шкендија – Силекс, Јован Качевски (Струга)
Гостивар – Тиквеш, Крумислав Ѓоргиев (Штип)
Александар Ванев, М-Нет