
Денес се одиграат натпреварите од осмото коло во Трета лига – Исток, коло кое го донесе првиот пораз на Слога Виница, лидерот го претрпе првиот сезонски пораз откако со 2:1 загуби од Карбинци.
Слога Виница прва дојде до водство со голот на Игор Ѓоргиев, а пак домашниот тим преку Мирче Натков израмни на 1:1 на полувреме. Во вториот дел Бобан Стојанов постигна гол за конечни 2:1.
Реми од 1:1 во дербито на колото меѓу Овче Поле и Брегалница од Делчево во Виница. Стаменовски погоди за гостинот, а пак домаќинот преку Стојановски дојде до конечни 1:1.
Тиверија загуби во Берово од Малеш со 3:1 во меч каде домаќинот силно посакуваше победа. Левков, Пачарски и Спенџарски беа стрелци за Малеш, а за струмичани погоди Трајков.
Хоризонт Турново во финишот остана без три бода, откако одигра 1:1 против Ударник од Пирава. Сашко Пандев погоди за 1:0 по две минути игра, а во судиското надополнување конечните 1:1 ги постави Елдан Шата.
Екипата на Дојранско Езеро славеше над Светлост од Зрновци со 2:1. Јанкулов погоди во 31. минута за водство од 1:0 на полувреме. Во вториот Петар Илиев ја дуплираше предност, а во 74. минута искусниот Влатко Коцев постигна гол за конечни 2:1.
Александар Ванев, М-Нет