
Овој четврток на 23 октомври ќе бидат одиграни вонредни кола во Третата македонска фудбалска лига. На Истокот ќе се одиграат натпреварите од седмото коло, а кое носи нови пет возбувања, додека пак екипата на Овче Поле од Свети Николе ќе биде слободна.
Дербито на колото ќе го одиграат Хоризонт Турново и Победа Валандово, Дојранско Езеро ќе игра со Ударник од Пирава, а пак Рудар во Пробиштип го пречекува тимот на Светлост од Зрновци.
Во Берово силите ќе ги одмерат Малеш и Брегалница од Делчево во дерби меч кој сигурно е дека ќе направи да има многу публика, а пак Тиверија ќе се соочи со Карбинци.
Во Трета лига – Север ќе се одиграат натпреварите од седмото коло каде Фортуна на домашен терен како фаворит ќе се соочи со Беса од Сарај, Кадино ќе бара излез од резултатската криза со екипата на Студеничани, додкеа пак Отља ќе бара први бодови против Пчиња која ќе биде фаворит.
Екипата на Башкими Љуботен ќе се соочи со Куманово, Лопати го очекува меч за први бодови против Беса од Слупчане, Аеродром ќе игра дерби со непоразениот Еуромилк ГЛ, а пак Ржаничино против БВК Коњаре.
Во Трета лига – Југ ќе се играат натпреварите од шестото коло, а каде Млекар ќе бара прва сезонска победа против Венец од Долни Дисан, Ултрас ќе игра дерби со Борец, Башкими од Јаболчиште ќе игра со Тополка, Дреново ќе се соочи во меч за прва победа против Влазними Јуниор, а пак Превалец ќе игра дерби со Росоман. Питу Гули како фаворит ќе го пречека тимот на Бучин, а екипата на Младост од Кривогаштани ќе биде слободна.
Во Трета лига – Запад и Трета лига – Југозапад натпреварите ќе се играат викендот.
Александар Ванев, М-Нет