Карате: Државното изборно првенство за СП во Дубаи во знакот на штипјани

Градот Скопје беше домакин и технички организатор на Државното изборно првенство во Карате за Светското првенство што од 16 до 21 ноември ќе се одржи во Дубаи. Радува податокот што двајца штипјани се искачија највисоко на пиедесталот освојувајчи ги првите места во своите категори. Емил Павлов во категоријата – 67 кг. го освои првото место а прв во категоријата + 84 кг. беше и Жарко Арсовски. Штипјанката Бојана Манева го освои второто место во својата категорија а трети места освоија Бобан Џамѓозов и Цане Давитков. Нашите информации велат дека за дефинитевен пласман за Дубаи ќе се решава во сабота на 2 октомври кога ќе се одржат мечевите секој против секого на првите четворица по што селекторот Сашко Арсовски ќе го утврди дефинитивниот список.Еве го списокот на најдобрите:

  • – 60 кг – Фаик Весели, Олимпик Спорт
  • – 67 кг. – Емил Павлов, КК Штип
  • – 75 кг. – Петар Заборски, Макпетрол
  • – 84 кг. – Берат Јакупи, Асиарт
  • + 84 кг. – Жарко Арсовски, КК Штип
  • Жени
  • – 50 кг. – Сара Радичевскa, Макпетрол
  • – 55 кг. – Јована Георгиева, Олимпик Спорт
  • – 61 кг. – Вероника Костовска, Олимпик Спорт
  • – 68 кг. – Ангела Мојсовска, Макпетрол
  • + 68 кг. Симона Симовска, Олимпик Спорт

Кати

Александар Неделковски, Металург

Пуликсенија Јованоска – Фунакоши Гичин

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk