
Промените на ВМРО – ДПМНЕ презентирани и во населбата Дузлак. Кандидатот за градоначалник, Иван Јорданов, изложи дел од проектите кој се во изборната програма, а кој се во насока на подобро живеење за жителите од оваа населба.
„И овде, во населба Дузлак, се чувствуваат промените коишто ќе се случат на 17 октомври, а ќе значат подобрување на инфраструктурата, асфалтирање на неколку улици, како што е улицата „Кочанска“, подобрување на состојбата на паркот, којшто е направен од страна на претходната локална власт, а којшто исто така заслужува промени, подобрување на уличното осветлување, нови тротоарски решенија, содржини за спортисти и за деца, детски реквизити… Тоа е нешто кое фали во оваа населба, а ќе се случи после промените на 17 октомври“, истакна Јорданов.
Кандидатката за советник, Драгица Петрова, пак, упати порака да своите соседи со надеж дека ќе ја препознаат новата иднина.
„Искрено верувам, искрено се надевам дека жителите на населба Дузлак ќе го препознаат чесниот, искрен пристап, посветеноста на идниот градоначалник, Иван Јорданов. Ќе ја препознаат чесноста и искреноста на советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, па на 17 октомври ќе излезат сите до еден и ќе дадат доверба за проекти, ќе дадат доверба за промени, ќе дадат доверба за подобра иднина на Штип“, порача Петрова.
Јорданов ја побара поддршката од граѓаните, потенцирајќи дека заеднички ќе вложат во реализацијата на идеите и проектите.
Ребека Спасова МНет