
Граѓаните од населба „Осми ноември“ се излажани констатираше вечерва кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Иван Јорданов. На средбата со граѓани во населбата „Осми Ноември“ тој истакна дека ќе се реализираат проекти со цел подобрување на животот на граѓаните, меѓу кои и продолжување на пешачката патека.
„Еве еден дел од нив јас ќе напоменам дека во нашата изборна програма е ставено реконструкција, проширување и продолжување на булеварот Партизанска до населбата Баби, но исто така продолжување и проширување на пешачката патека, целосно осветлување до Караорман и Чардаклија. Ова се дел од проектите кои што ги ветуваме и се обврзуваме за нив, а јас се надевам дека после промените истите ќе бидат реализирани“ – истакан Иван Јорданов.
Многу различни содржини предвидени во изборната кампања најави и Бети тасевска која е на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ.
„Вечерва сме собрани во населбата Осми ноември се со една цел жителите на оваа населба да се запознаат со проектите и идеите кои ги има нашиот кандидат за иден градоначалник Иван Јорданов, но секкао да се запознаат и со кандидатите за советници кои ќе бидат нивни претставници во советот на Општина Штип“ – истакна Бети Тасевска.
На 17 октомври ред е на граѓаните да донесат вистинска одлука додадоа од ВМРО ДПМНЕ.
Лаура Стојанова М-Нет