Продолжуваат ветувањата на кандидатот за градоначалник во Штип за претстојните локални избори од партијата ТМРО Лазар Наумов кој на прес конференција ветува на штипјани враќање на стариот сјај на музичкиот фестивал Макфест.
Да го вратиме стариот сјај на Макфест, со професионализирање на фестивалот кој е под заштита на општина Штип.
Оваа манифестација е едена од најголемите фестивали на забавна музика во Македонија а се одржува во Штип, фестивал со продуцирани над 1000 композиции со голем број на хитови а денес се евергрини. Настан кој е обележје на градот под Исарот и секако добра промоција на македонската музика.