
Денес се одигра вонредното 4. коло од Третата македонска фудбалска лига со четири натпревари.
Некогашниот прволигаш Напредок на Градскиот стадион во Кичево доживеа пораз од 1:3 од екипата на Зајази.
Сите четири погодоци паднаа во првиот дел кога гостинската екипа со двата гола на РУфати и едниот гол на Џеладини до 34. минута имаше водство од 0:3. Котевски во 41. минута ги постави конечни 1:3, откако во вториот дел мрежите мируваа.
Фаворитот Влазерими се „сопна“ на домашен терен и одигра само 1:1 со поранешниот второлигаш и прволигаш Дрита од Боговиње. Двата погодоци паднаа во финишот од мечот. Ибраими погоди за 1:0 и водство на домаќинот, а по две минути Абдулахи израмни на конечни 1:1.
Камјани полесно од очекуваното го доби Љуботен со сигурени и убедливи 3:0. Стрелец на сите три погодоци беше Арлинд Берзати. На полувреме домашниот тим водеше со 1:0, а во вториот дел со два погодоци конечни резултат беше 3:0.
Натпреварот меѓу Речица и Џепчишти е одложен и истиот ќе се одигра во нов термин.