
Стартуваше новата сезона во Првата женска фудбалска лига со мечевите од првото воведно коло. Кочани сезоната ја отвори со висок пораз откако загуби од шампионот Скопје со високи 4:0 на теренот во скопско Пржино.
Скопје како на тренинг го доби мечот против тимот кој минатата сезона преку бараж избори опстанок и одбраната на титулата ја започнува со триумф.
Каменица Саса беше високо поразена во првото коло откако загуби во Тетово до Љуботен со високи 4:1 во дерби на два поранешни шампиони. Љуботен со висок триумф ја започна новата сезона, а Каменица Саса веќе во следното коло ја очекува ново дерби против Тиверија Брера на домашен терен.
Истатов го доби скоското соочување со Вардар откако славеше со 1:2 на гостински терен, па со тоа „вардарки“ со минимален пораз ја стартуваа сезоната, а тимот на Кирил Изов победнички ја отвори сезоната.
Вицешампионот Тиверија Брера со убедлива победа од 7:0 го декласираше Пелистер, новиот прволигаш од Битола доживеа тежок пораз во Струмица, а домаќинот победнички и на убедлив начин ја отвори сезона 2026/2027.
Речица успеа на домашен терен да остане непоразена во дуелот со Ас Јунајтед, откако двете екипи одиграа реми со по еден гол 1:1.
Првото коло на сите натпревари донесе погодоци, а најмногу во Струмица дури седум, најмалку во кумановска Речица само два.
Александар Ванев, М-Нет