
Електричната енергија и понатаму главен проблем за јавните претпријатија во регионот. Споредбено со овој период минатата година, сметките неколкукратно повисоки, на пример во Пробиштип сметката за струја е повисока дури за 400%. Со цел да се намали потрошувачката на електирчна енергија, како и сметките во Пробиштип ќе се поставуваат фотоволтаици и водомери, истакна директорот на претпријатието, Драганчо Ристовски.
„За излез од оваа криза е поставување на фотоволтаици на местата каде што може да ги поставиме на резервоарите, филтер станицата, градскиот пазар. Во идниот период ние поднесовме и проект до Министерството за животна средина за водомери“ – кажа Ристовски.
За разлика од Пробиштип, јавното претпријатие „Солидарност“ во Општина Виница освен долгови за струја се соочува и со проблем за исплата на плати на вработените. Директорот посочи дека излез од ваквата ситуација ќе се бара преку испалаќање на долгот за струја на рати.
„Имавме долг, но направивме сподогба со ЕВН, целиот заостанат долг да го платиме на шест еднакви рати, со плаќање на тековните фактури. Покачувањето на цените многу лошо влијаеше“ – додаде Јованов.
Дополнително на ова проблем е и превработеноста во претпријатието и ниските цени на комуналните услуги, но рестрикции за сега нема воведени.
Лаура Стојанова М-Нет