Како општина Карбинци се справува со вандализмот на фудбалскиот терен?

Во изминатиот период за жал фудбалскиот терен во општина Карбинци каде настапува истоимениот третолигаш беше мета на вандализам со уништување на самата инфрастрктура.

Градоначалникот Виктор Паунов во гостувањето во Зум Анализа на М Нет телевизија потенцираше дека се водат постапки против дел од вандалите.

„Да, имавме вакви прекршоци веќе се постапи по дел од нив во изминатиот период. Согласно комуналниот инспекторат постапи на терен се најдоа одредени вандали на ваквите содржини. Постапуваат по истото, очекувам пред се да не се повторува било каков вандализам, но за жал го имаме во континуитет. Дали е тоа низ урбана опрема, на детски игралишта, спортски терени и се што е јавно подлежи на вандализам. Меѓутоа се надевам дека еве со дополнителен мониторинг од наша страна ќе имаме детекција на истото, а пред се превенција“, рече градоначалникот Виктор Паунов.

Во неколку наврати фудбалскиот терен беше мета на вандали, што е за осудување, а веќе се водат постапки со цел санкционирање на истите. Инаку, на овој фудбалски терен домашните натпревари ги игра третолигашот Карбинци, а како што претходно истакна градоначалникот овој терен исполнува ислови и за одигрување на натпревари под рефлектори и како што рече за М Нет телевизија се надевам дека во пролетниот дел Карбинци ќе одигра некој натпревар од Трета лига – Исток под рефлектори.

Александар Ванев, М-Нет