Зимската пауза заврши – стартува ракометната Супер лига во женска конкуренција: Астибо отвара во Штип!

Заврши зимската пауза во ракометната Супер лига во женска конкуренција, овој викенд стартува пролетната полусезона со натпреварите од 14. коло.

Првата пролетна рунда ќе се игра во три дена, а веќе во сабота на програмата ќе бидат два натпревари. Во спортската сала „7-ми Март“ во Скопје ќе се игра натпреварот меѓу Чаир и Метарлуг Автокоманда, со почеток од 12 часот. Во 17 часот шампионот Ѓорче Петров ќе го пречека Спартак.

Во недела на програмата ќе биде еден меч кој ќе се игра во Штип, каде Астибо ќе го пречека Вардар, натпреварот ќе се игра во спортската сала „Тошо Арсов“ со почеток од 12 часот.

Астибо сака поддршка од трибините во обид за изненадување и триумф против Вардар.

Колото се затвара дури во понеделник со натпреварто меѓу Пелистер и Куманово кој се игра во Битола, а каде гостинскиот тим е фаворит за триумф.

Александар Ванев, М-Нет