
Работа на височина, Горан Куковалев од Штип долги години работи како електротехнички монтер на високонапонски системи. Тоа значи одржување на цел високонапонски систем, односно работа на висна од 20 метри па нагоре. Предизвикот е голем, вели Куковалиев бидејќи е потребна и психичка и физичка подготовка пред да се извршува работа на височина.
„Нашата работа спаѓа во групата работи од висок ризик. Честопати се соочуваме со ризик, бидејќи при сечење на дрва може да падне дрво, се качуваме на висина од 20 метри па нагоре. Најнискиот столб во Македонија изнесува околу 18 метри, а највисокиот е 45 метри. При качување мора да бидеш психофизички подготвен.“ – вели Куковалиев.
Горан со ова се занимава подолг временски период. Вели на дожд и сонце, кога вее снег, или има пожар тие мора да го одржуваат системот бидејќи струја мора да тече. Проблем е што се помалку млади се заинтересирани за оваа професија, а дополнително не е доволно платен како во останатите странски држави.
„Се помалку има бидејќи нашата работа е од висок ризик. Никој не сака да го става својот живот во ризик.“ – додава Куковалиев.
Куковалиев вели дека е потребно пред се желба за работа, меѓутоа и храброст да се работи на висина од над 20 метри.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет