
Ниските температури и врнежите од дожд и снег имаат различно влијание кај одредени земјоделски култури, долгогодишни и едногодишни. Земјоделците истакнуваат дека вода и влага е потребна, па ова е од големо значење од една страна, но од друга страна ниските температури под нулата може да доведат до мрзнење на овошките и веќе расцветаните дрвца. Колку ваквите температури имаа влијание врз едногодишните и повеќегодишни култури, одговор побараме од м-р. Васко Златковски, Дипломиран инжињер агроном. Во писмено соопштение за М-Нет телевизија тој посочи дека негативности од ниските температури и врнежите од дожд и снег пред се може да бидат за бадемите и кајсиите бидејќи тие се во полно цветање.
„Врнежите од дожд а потоа и од снег немаат директно негативно дејство врз долгогодишните насади од овошни култури и винова лоза. Температурите се движеа над нулата, а количествата снег кои се насобираа впо гранките не беа со тежина да предизвикаат кршење на родните гранчиња. Главна опасност по овошките (бадем и кајсија) се ниски температури кои се очекува да се појават ноќта кон среда на четврток и петок на сабота. Доколку истите паднат под -1,5 степени ќе дојде до измрзнување на цветовите. Слично е и со едногодишните култури, каде во штипско доминираат житариците. Кај овие култури водениот талог исклучително поволно ќе влијае на забрзаниот раст и развој зашто за 2 – 3 дена се очекува нагло затоплување на атмосферата , со тоа и пораст на температурата со што ќе се создадат одлични услови за несметан развој на растенијата.“
Препорака е до сите овоштари да преземат мерки за заштита на растенијата од појава на монилија зашто временските услови погодуваат за појава на ова габно заболување. Препорака е да не се врши третман во фаза на полно цветање поради заштиа на пчелите кои со очекуваното покачување на температурата над 10 степени ќе имаат интезивна раздвиженост во собирањето поленов прав.
Лаура Стојанова М-Нет