Како да се заштитат жртвите од секаков вид насилство – одржана трибина во Штип

Заштита на жртвите од родово базирано насилство, семејно насилство, насилство кај жените и младите девојки но и мажите главна тема на трибината која вчеравачер се реалзираше во Штип. Целта на ваквиот настан е да се детектираат проблемите поврзани со насилство во општеството, но и да се понудат одредени решенија.

“Проблемите треба да се детектираат и исто толку важно е да се понудат одредени решенија, однонсо како нашето општество и нашата заедница да одговори на овој феномен кој за жал е присутен во нашата земја. Од таму особен фокус е прашањето за заштитата на жртвите од родово базирано насилство, семејното насилство, тука се жените и младите девојки, но и мажите.“ – вели Јовевски.

По сите случувања во државата изминатиот период забележително е дека насилството е застапено во општеството и мора да се најде начин за негово намалување, дециден е Јовевски. Токму заради тоа вели од суштинско значење е мислењето на жртвите но и сите граѓани.

„Решенијата кои треба да се понудат и насоките за санирање и превенирање на овие проблеми се од суштинско значење и е многу важно да се слушнат размислувањат на граѓаните, на жртвите.“ – додава Јовевски.

Вчерашната трибина во Штип беше под мотото „Зборуваме гласно против насилството врз жените“ а дел од 16 дневниот активизам против родово базираното насилство. Натанот беше во органзиација на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ Штип, во соработка со Централната комисија за труд и социјална политика на ВМРО ДПМНЕ.

Лаура Стојанова М-Нет