
Блокирани сметки на физички или правни лица, фирми кои се затвораат, граѓани кои не можат да излезат на крај со извршителите – ова е се почеста слика во општеството во државата вели граѓанскиот активист Самка Ибраимовски. Дециден е дека извршителите си играат пинг понг со граѓаните, темата се уште е табу оти граѓаните не се запознаени кога и како тереба да реагираат во вакви случаи. Вели треба да се ангажираат повеќе за да ја добијат правдата кога се во прашање извршителите.
„Сакам да им порачам на граѓаните дека треба да земат или да отидат кај адвокат или кај мене да добија образец како треба да изгледа за да се даде до извршителот. Во тој образец поради измени на Закон се бара одблокирање на сметка поради апсолутна застареност. Извршителите не прифаќаат ама треба да се направи жалба до Апелационен Суд Штип и треба да сеодлучува понатму“ – вели Ибраимовски.
Пресудите може да бидат застарени во зависност од денот на донесување на истата. Дали делото ќе биде застарено или апсолутно застарено зависи од тоа дали поминале пет или десет години. Ибраимовски е дециден дека извршителите мораат да ги почитуваат и да внимаваат на ваквите факти, што е ретко кај нас.
„Имаме пет и десет години. Ако некој имал пресуда донесено и поминале пет години, шестата година го даваат на извршител тоа е застареност од пет години или ова што велиме апсолутна застареност од деноткога му го дале налогот ако поминале 10 години тоа е апсолутна засатареност.“ -додава Ибраимиовски.
Во нашата емисија Зум анализа вокоја гостуваше Ибраимовски им порача на граѓаните да бидат внимателни и да бараат помош за да се реши проблемот со извршувањето.
Лаура Стојанова М-Нет