Каква вода пијат кочанчани, КЈП Водовод не одговара дали имаат склучено договор за анализа на водата

Има ли КЈП Водовод Кочани склулено нов договор за анлиза на водата?

Претхоодниот договор кој го има склучено претпријатието со Центарот за јавно здравје Скопје, е истечен на 31 јануари 2025година, со оглед на фактот дека истиот бил склучен на 30 јануари минатата година и беше со траење од една година.

Со оваа јавна набавка, а преку договорот кој се склучува е предвидена анализа на водата која би содржела анализа на микробиолошките параметри потпишани од лекар – специјалист по микробиологија и анализа и стручно мислење од лекар – специјалист по хигиена и здравствена екологија. Освен ова, анализата е задолжително да содржи и податоци за резудиален хлор во водата.

Согласно договорот ваквите анализи е потребно да бидат распоредени по 20 мостри месечно од различни локации и тоа: вода од извориштето, вода по преработка, вода од резервоарите за вода за пиење, вода од водоводната мрежa, вода на местото на потрошувачката.

Во моментот нема активен договор, ниту пак е распишана јавна набавка за ваков вид на услуга од страна на КЈП Водовод Кочани на електронскиот систем за јавни набавки, па се поставува прашањето на кој начин сега се вршат анализите на вода?

За ова реагираа и граѓани на Кочани, прашувајќи дали воопшто се вршат анализи на водата и дали граѓаните може да ја користат водата во секојдневна употреба па и за пиење без анализа за квалитетот на водата?

Кога ќе биде објавен ваков оглас за јавна набавка и како во иднина ќе се анализара водата за пиење во Кочани, парашавме и во КЈП Водовод.

Прашањата беа поставени пред два дена, но одговор сѐ уште нема.

Лаура Стојанова М-Нет