Казните се од најмалку три до најмногу 20 години за осомничените лица за пожарот во Кочани

Осомничени се 34 физички лица за несреќата во Кочани во која загинаа 59 лица, од кои шест деца. Сите осомничени се обезбедени истакна денеска на прес државниот јавниот обвинител, Љупчо Коцевски. Сите лица од 2012 до 2025 година заеднички воопшто не постапиле според прописите за мерки за заштита и со тоа предизивикале опасност за животот и телото за луѓето.

„Верижните пропусти и незаконити дејствија на одговорните и службени лица довеле до тоа да при користење на пиротехничките средства на 16 март 2025 година за време на настапот на ДНК биде предизивикан пожар. Доколку се безбедат докази во истрагата ќе бидат опфатени и други засега неуврдени лица, кои иако биле свесни дека поради нивното сторување или несторување може да настапи штетна последица се согласиле со нејзиното настапување.“ – вели Коцевски.

Лицата, како што информира Коцевски, се сомничат за кривично дело за кое е предвидена казна од најмалку три години, што значи дека максимумот на казната е 20 години.

– Ова е само почеток на истрагата и престои обемна истражна постапка во рамки на која ќе треба да се приберат голем број докази и ќе се преземат истражи дејствија. Ветив дека истрагата ќе биде брза и ефикасна и со тоа апелирам до сите да бидат воздржани и смирени и со тоа да им се даде простор на истражните органи квалитетно да ја завршат истрагата, изјави Коцевски.

Со завршување на истрагата ќе се разјаснат сите околности и факти за причината за пожарот, кој го предизвикал, начинот на предизвикување и со кое пиротехничко средство, изјави Коцевски.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет