Кабли на тротоарот во штипска Автокоманда, надлежните велат – на терен ќе се излезе утре

Кабли останати на тротоарот во штипската населба Автокоманда, која се популаризираше по долго време неасфалтираните улици. Вакви реакции ни испратија граѓани, во кои се вели дека по реконструкцијата на улицата „Браќа Даневи“, односно на тротоарот останале само кабли. Граѓаните прашуваат кој е надлежен да ја отстрани опасноста за минувачите или да постави нови електрични столбови. Прашањето М-Нет Телевизија го упати до ЈП „Стипион“, чија обврска во изминатиов период беа тротоарските површини во оваа населба. Директорот, Кирил Зајков, посочи дека на терен ќе се излезе утре.

Ребека Спасова М-Нет