
Викендот продолжуваат натпреварите од Втората фудбалска лига, откако заврши репрезентативната пауза. На програмата ќе бидат натпреварите од 13. коло, а истото ни го носи и дербито на Истокот меѓу Беласица и Брегалница, кое ќе се одигра во Струмица на стадионот „Благој Истатов“.
Лидерот Македонија ЃП на домашен терен како голем фаворит ќе го пречека Вардар Неготино, Арсими има идеална шанса да се врати на победничките патеки дома ќе игра против Борец во меч каде велешкиот тим ќе има многу тешко гостување.
Охрид на домашен терен ќе го пречека Детонит Плачковица, во меч каде охриѓани поради домашниот терен, домашната публика, но и одличната форма ќе бидат фаворити на „Билјанини Извори“, Башкими како фаворит сака триумф над Кожуф на домашен терен.
Во Прилеп соочување на поранешните прволигаши Победа и Скопје, додека пак Новаци и Осогово играат важен меч, особено клучен за кочанските „жетвари“ кои посакуваат тримф за излез од бараж зоната, а пак Каменица Саса како фаворит сака продолжува на победничката низа над „фенерџијата“ Вардарски.
Натпреварите од 13. коло во Втората лига ќе започнат во 13 часот.
Александар Ванев, М-Нет