
Повеќе од една милијарда денари ќе изнесува Буџетот на Општина Штип за наредната 2025 година. Со ова Штип ќе има историски најгоголем Буџет, во кој се предвидени голем број капитални проекти кои треба да бидат реализирани наредната година. Штипјани ќе добијат нова обиколница, мега парк, спортска сала, а со нови сообраќајнци ќе биде значително олеснет и сообраќајот. Во мешувреме започнаа и средбите со урбаните заедници, на кои граѓаните може да дадат предлози за проекти кои според нив би требало приоритени наредната година.
„Веќе одржавме неколку сесии, неколку средби со преставници на урбаните заедници, во рамки на креирањето на новиот Буџет за 2025 година. Поголемите проекти коишто се предвидени во Буџетот за 2025 година како што е обиколницата, продолжување на булеварот Партизанска, спортската сала Џексон, сообраќајницата која ќе ги поврзува населбата Македонка и населбата Баби, новиот мост на река Бреганица, мега паркот, Буџетот ќе биде историски најголем досега.“ – вели Јорданов.
Јорданов посочи дека се отворени да ги слушнат барањата на граѓаните, да ги запишат во приоритети и да бидат реализирании наредната година. Буџетот на Општина Штип за 2025 година треба да се најде на седница на Советот на Општина Штип во текот на наредните денови.
Лаура Стојанова М-Нет