Исполнет уште еден чекор за зонско паркирање во Автокоманда, објави Стефковски

Исполнет е уште еден чекор за зонско паркирање во Автокоманда, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

„Денес на седницата на Советот на Општина Гази Баба, беше донесена Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка со Град Скопје за поставување сообраќајна сигнализација и направи за смирување на сообраќајот во Автокоманда. Со оваа одлука создаваме услови за реализација на следната важна фаза и се приближуваме до воведувањето зонско паркирање во населбата“, објави Стефковски.

Активностите ќе ги реализира ЈП „Улици и патишта“, врз основа на изработениот Основен сообраќаен проект за измена на режимот на сообраќај на постојната улична мрежа во Автокоманда.

„Нашата цел е да одговориме на секојдневните потреби на жителите на Автокоманда со плански и координирани активности, кои ќе донесат поголем ред во паркирањето и посигурно одвивање на сообраќајот“, вели Стефковски.

Текстот Исполнет уште еден чекор за зонско паркирање во Автокоманда, објави Стефковски е превземен од МАКФАКС.