Исплатени субвенции за сточарите – поддршка за предадено јагне или јаре

Исплатени субвенции за сточарите за продадени јагниња. Секоја исплата изнесува 1500 денари по јагне, а средствата ќе им помогнат на земјоделците да ја подобрат својата економска ситуација и да се справат со предизвиците на пазарот. Според Гоце Серафимов, потпретседател на Асоцијацијата на земјоделци, овие субвенции се од суштинско значење за сточарите, бидејќи без нив, пазарот би бил уште поприоритетен и со сериозни економски тешкотии. Поддршката во овие услови е клучна за одржување на стабилноста на земјоделскиот сектор.

,,Во вчерашниот ден беа исплатени субвенции за продадено и заклано јагне во кланични капацитети. По 1500 денари е за заклано јагне субенцијата, продадено и заклано во кланични капацитети. Сточарите и земјоделците секогаш бараат повеќе, цените знаете дека вртогалво растат, меѓутоа со субвенциите покриваме некој дел, ако не се и субвенциите, ќе биде голем проблем.”, истакна Серафимов

Во изминатиот период, Серафимов рече дека биле исплатени и субвенциите по 12.000 по хектар за јачмен и по 6.000 по хектар за пченица

Субвенциите за продадените јагниња се важен потег за стабилизација на земјоделскиот сектор, во време кога економските предизвици се сѐ поголеми. Оваа поддршка дава надеж и олеснување за сточарите, кои се соочуваат со растечките трошоци и нестабилниот пазар. Сепак, останува да се види како ќе се развива ситуацијата и дали оваа поддршка ќе биде доволна за долгорочно одржување.

Иван Митев, М-Нет