Исечени до корен дрвата кај градскиот стадион во Штип, наделжните не се чувствуваат одговорно

Дел од дрвата покрај зградите на булеварот „Партизанска“ денеска беа искастрени, друг дел од нив исечени речиси до корен. И покрај тоа што ова е по пријава на граѓани, жителите од овој дел од градот велат дека барале да се искастрат гранките, но не да се исечат дрвата речиси до корен.

Зошто и како падна одлуката дрвата да бидат целосно исечени одговор побаравме од надлежните. Комуналниот инспектор при општина Штип, Борче Везенков во телефоснки разговор за М-Нет телевизија истакна дека излегле на терен и донеле решение за постапување. Тоа значи дека вработени во ЈП Исар понатаму одлучуваат дали дрвата ќе бидат искастрени или целосно исечени. Директорот на ЈП Исар, Трајан Коцев се огради од одговорност потенцирајќи дека има вработени шумски инженери, кои се стручни во оваа област и тие донесуваат одлука за сечењето на дрвата. Мише Којзеклиски, раковидтел на одделение за паркови и зеленило вели дека не е должен да дава одговор на новинарски прашања. Нервозно потенцираше дека дрвата правеле ѓубре и затоа подобро било целосно да се исечат.

Ова е втора реакција до нашата реакција за целосно сечење на дрвата. Претходно реагираа граѓани од населба Пребег кога и таму до корен беа исечени дрвата поркај детското игралиште. Тогаш надлежните си играа пинг понг со одговорноста.

Лаура Стојанова М-Нет