
Интересот за пеливанството како спорт бележи голем интерес, особено во западниот дел на Македонија, а интересот за овој спорт се зголемува и во источниот дел на Македонија.
Штипајанецот Дејан Митров кој има основано свој пеливански клуб за телевизија М Нет вели дека има идеја и цел да организира спортски настан за ваков спорт во Штип бидејќи јавноста има интерес за овој спорт и сака одблизу да виде за каков вид на спорт станува збор.
Во Истокот пеливански игри се одржуваат во Радовиш, во радовишкото село Тополница, како и во неколку струмички села.
Интересот за пеливанството е голем и кај младите, а овој спорт е близок спорт до борењето слободен стил.
Овој месец ќе се одржат големите пеливански игри во радовишкото село Тополница.
Александар Ванев, М-Нет