Интересот за пеливанството во Штип постојано се зголемува, особено кај помладите

Интересот за пеливанството како спорт од година во година буди се поголем интерес, пред се и кај младите. Тоа што градот под Исарот го доби „Трофеј Штип“ како меѓунарден турнир во овој спорт го разбуди уште повеќе интересот, но покрај младите за да го спортуваат, се разбуди интересот и кај публиката, која сака да следи вакви спортски настани.

Штипјанецот Сашко Арсов веќе десеттина години е дел од овој спорт, вели дека е интересен и несекојдневен, дополнува дека има доста први места на меѓународни турнири, но и порази што се составен дел од секој спорт.

ИЗЈАВА 747G6269 Сашко Арсов 01:12 (јас сум повеќе од десет години) до 01:37 (како и секој спорт)

На 10 мај во Штип ќе се одржи второто издание од меѓународниот турнир „Трофеј Штип“, а како што вели Арсов пред камерата на М Нет телевизија, очекува многу поддршка од публиката, но вели дека ќе има и мала доза на трема.

Како што вели Дарио Димитров од Штип, кој исто така веќе десет години е дел од овој спорт, подготовките течат во најдобар ред пред настапот на „Трофеј Штип“, кој ќе се одржи на 10 мај.

Зад Димитров има успешни настапи во странство, каде има освојувано и први места, но вели дека притисокот пред домашната публика е поголем, од таа причина и подготовките се на повисоко ниво.

Седум до осум години е идеална возраст за да се започне со овој спорт, а како што вели Димиторв пеливанството не е опасен во однос на останатите спортови како бокс или кик-бокс.

Димитров ја повика штипската спортска јавност на 10 мај да дојде на стадионот на ФК Кежовица и да даде силна поддршка на натпреварувачите кои ќе земат учество на „Трофеј Штип“.

Оваа година конкуренцијата на „Трофеј Штип“ ќе биде на повисоко ниво, а интересот за учество е уште поголем.

Александар Ванев, М-Нет