Инспекторатот на терен, граѓаните не забележуваат намалување на цените, бурекот скап за нив

Екипи на Државниот пазарен инспекторат на терен, се казуваат сите трговци кои не ја почитуваат одлуката на Влада, за намалување на цените на производите. Ама колку ова дава резултат? Граѓаните во Штип кои биле во маркет од утринава или пак во текот на денот велат дека намалувањето на цените е минимално и за нив речиси неосетливо.

Намалување треба да се бележи и кај лебот и белите пецива. Ама за поголем дел од анкетираните штипјани и утринава цената на бурекот била висока. Велат дека не забележуваат некое значително намалување кое може да влијае врз нивниот домашен Буџет.

ианку, Пазарниот инспекторат е на терен низ цела територија на Македонија со повеќе од 40 тимови односно повеќе од 120 инспектори ротирани во различни градови. Толеранција нема да има, посочи директорот Горан Трајковски. Пазарниот инспекторат постапува по Законот за трговија, каде казните се високи и изнесуваат од 2000 до 10000 евра, а онаму каде што ќе се применуваат нечесни трговски практики ќе се постапува по Законот за заштита на потрошувачите каде ќе има можност и за затворање на објекти., додаде тој во својата изјава.

Одлуката се базира на бруто профитна маржа од 10%, тоа значи, доколку трговецот на мало претходно заработувал 6% маржа од производот, сега нема обврска да ја намали цената, затоа е што во рамки на предвидената маржа од 10%, што е во согласност со Одлуката. Заради тоа некои цени на производите опфатени со Одлуката се исти и не се намалени.

Производите кои се опфатени со Одлуката, мора да бидат јасно обележани и да ја содржат пропишаната ознака „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ за да можат граѓаните да знаат за кои производи станува збор.

Лаура Стојанова М-Нет