
570 дечиња во моментот се запишани во ДГ“Вера Цирицири Трена“ во Штип и согласно барањата на родителите, сите места кои што можеше да се искористат се пополнети. Директорка на градинката Ивана Ангеличкова, истакна дека искористена е законската основа од советот на општината за зголемување на бројот на деца и во моментот сите групи се полни. Таа изјави дека во моментот истот така се формираат листи со барање од страна на родителите кои што во наредните месеци ќе имаат потреба нивните деца да бидат згрижени и тие како градинка се надеваат дека ќе им излезат во пресрет.
“Во моментот нашата детска градинка има запишано околу 570 дечиња. Согласно барањата на сите родители се потрудивме максимално да ги пополниме сите места, кои што можеме да ги искористиме. Сите барања се исполнети, со тоа што напоменуваме дека е искористена законската основа односно согласноста од советот на Општина Штип за зголемување на бројот на децата, групите ни се полни. Во моментот се формираат листи со барање од родителите кои што имаа потреба во наредните месеци да бидат нивните дечиња згрижени и се надеваме дека ќе можеме да им излеземе во пресрет.“, истакна Ангеличкова
Со новите согласности за вработувања, постоечките групи во детската градинка ќе се растеретат, имајќи во предвид дека бројот на децата моментално во групите е голем.
“Во однос на согласностите за вработување постоечките групи ќе се растеретат затоа што бројот на децата сега во групите е многу голем, а така ќе имаме можност за ново запишување на дечиња и растеретување на веќе постоечките групи.“, додава Ангеличкова
Во однос на вирусните инфекции во текот на сезоните, ДГ „Вера Циривири Трена“ во мометот е во рамките на нормалата и нема простор за загриженост.
“Во однос на вирусните инфекции, секоја сезона го има, се е во рамките на нормалата, од едно до две дечиња.“, изјави Ангеличкова
Согласно новиот буџет кој што ќе се формира за 2025 година ќе бидат одобрени барањата кои што се поднесени до ресурното министерство за пополнување на работните места кои што се испразнија во претходните три години и со новата влас се очекува истите да бидат пополнети.