Имплементацијата на ВАР-системот во Штип е во завршна фаза, Брегалница бара мечот со Арсими да се игра под рефлектори

Како што информираше прволигашот Брегалница, имплементацијата на ВАР-системот на Градскиот стадион во Штип е во завршна фаза. Динамиката на инсталација на целиот комплексен систем се одвива во нормален тек, време и услови.

Управата на клубот поднесе барање до Фудбалската Федерација на Македонија, мечот од второто коло во ПМФЛ против екипата на Арсими да се одигра во вечерен термин под рефлектори. Од штипскиот клуб посочуваат дека се надеваме федерацијата да го прифати нивното барање, кое всушност е барање и на верни фанови и поддржувачи.

Од клубот посочуваат дека секојдневно работат на засилвуања на ростерот, со цел создавање на конкуренте тим. Со екипата тренираат и неколку фудбалери кои се на „проба“, во следниот период се очекува нивен потпис. Притоа, од Брегалница посочија дека се оградуваат од разни шпекулации кои се објавуваат на фан-страници, со како што велат од ФК Брегалница сомнителни „извори на информации“.

Инфраструктурно се средува просторот околу стадионот, поконкретно позади новата трибина. Се асфалтира целиот простор, се уредува паркингот и пристапот на автобуси на гостинските екипи.

Брегалница во рамки на првото коло загуби од шампионот Вардар со 2:0, а во рамки на второто коло ќе игра против Арсими на домашен терен.

Александар Ванев, М-Нет