Има подобрување кај дел од повредените пациенти од пожарот во Кочани, друг дел сакаат да се лекуваат во странство

Најголем дел од повредените од пожарот во Кочани се прегледани и одат на соодветно лекување, однонсо физикална терапија. Уште мал број пациенти треба да се прегледаат, вели директорката на Универзитетската клиника за рекостуктивна и пластична хирургија, која денеска беше во кочанската болница. Додава дека пациентите кои одат на терапија имаат подобрување, но апелира заеднички со нивните родители и општество да работат како тим за целосно да бидат излечени.

„Во Кочани еднаш неделно е доволно да доаѓаме, да ги видеме како зараснуваат лузните на пациентите или како напредува заздравувањето. Пациентите сите од физикалната веќе напредуваат и со сите нивни движења, се многу подобри“ – вели Ѓоргиевска-Павловска.

Дел од повредените пак не сакаат да го продолжат своето лекување во државата, туку сакаат да останат во странство. Директорот на фондот за здравство вели се разговара за да може да се продолжи третманот таму.

“Има пациенти кои не сакаат да бидат третирани во Македонија, кои сакаат да го продолжат своето лекување во странство. Конкретно станува збор за неколку пациенти од Пигоров кои сакаат да продолжат со лекување таму. Ние сме во комуникација за да ги расчистиме деталите за понатамошниот третман“ – вели Клековски.

Во кочанската болница одат лекари од Скопје и Штип, кои и помагаат на пациентите во нивните терапии, со цел да не мора да одат тие за Скопје. Процесот на лекување е долг и мора да се следи постојано со цел резултатите да бидат задоволитени.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет