
Со добри услови за осудените лица располага КПУ Затвор Штип. За разлика од останатите затвори во државата и случувањата деновиве, директорот на штипскиот затвор, Мики Тородор вели дека за сега овде нема најава за штрајк и незадоволство кај затворениците. Иако во јавноста се проширија информации дека во нехумани услови престојуваат и овие затвореници, Тодоров одговорно тврди дека истите се невистинити.
„Во Казнено поправниот дом Штип засега нема некоја најава од осудени лица, ниту усно, ниту писмено дека планираат да штрајкуваат, ниту до денес има некое осудено лице кое има најава за штрајк или штрајкува со глад. Во казнено поправниот дом Штип условите се на позитивно ниво. Во изминатите години КПД Затвор Штип правевме различни активности и проекти со цел подобрување на условите за живот на затворениците“ – вели Тодоров.
Заради нехумани услови во затворите први на бунт се кренаа затвореничките од Затворот Идризово, каде потпишаа петиција дека ќе штрајкуваат со глад. Идентична ситуацијата била и со машкото одделениие, а се сподели информација дека ова се планира и во штипскиот затвор. Директорот Тодоров вели нема потреба за штрајк оти условите во затворот се добри.
Во последниот извештај за напредокот на Македонија и Европскиот Комитет нотира дека државава сè уште треба да ги спроведе препораките за спречување тортура објавени уште во 2021 година.
Лаура Стојанова М-Нет