
Има вода во браната на река Отиња. Ова е сликата која може да се види по неколкумесечната работа на браната или популарно кажано, деценискиот сон на штипјани. Од почетокот на градежните активности на терен до денеска се реализирани над 40%, а како што во неколку наврати посочи министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, се очекува сѐ да биде завршено најдоцна до почетокот на 2024 година. Оваа година буџетот за продолжување на овој проект е проширен за 120 милиони денари со цел градежната оператива да продолжи со силно темпо на реализација.
Инаку, реализацијата на проектот започна во 2021 година, а предвидени се повеќе од 300 милиони денари.