Илјада денари вредат колку сто, ем скап ем без купувачи пазарот во село Облешево

Зелка на секоја тезга на пазарот во село Облешево, денеска најпродавана ама според продавачите и по најниска цена. 20 до 25 денари е ниско и нереално велат, и со самото тоа пазарот го оценуваат како слаб и незадоволителен. Нема кој да купи, веќе нема ниту кој да работи согласни се продавачите. Производите се нудат колку да се собере некој денар за лекови и леб, оти и примањата се премногу ниски.

„Не чине, да ти кажам. Нема народот пари, секој сака да купе ама скапо му е, пари нема, пензии мали, плати мали, сиромаштија е. Јас произведам донесам да дојдам до некој денар, да можам да си купам лекови, леб и нешто со леб. “ – велат продавачите.

Илјада денари вредат колку сто, децидни се купувачите од друга страна. За нив и денешниот пазарен ден беше скап, па се купува само најнеопходното.

„Тешко, се е скапо гледате и сами. Не може народот да си стави зимница. Примањата се на нула, а цените гледате еден килограм јаболка 60 денари. “ – додаваат купувачите.

Освен зелка која ја имаше на секоја тезга баран на пазарот во Облешево беше и празот како и сезонското овошје.

Лаура Стојанова М-Нет