Илјада граѓани и денеска седнаа на столче за вакцина во вакциналниот пункт во Штип

И денеска продолжува вакцинацијата во салата „Јордан Мијалков“ во Штип со вакцини од производителот „Фајзер“. На столче за вакцина денеска седнаа околу илјада граѓани кои имаат закажано термин. Во меѓувреме се врши и ревакцина со „Астра зенека“ која ќе трае до крајот на месецот.

Дали од утре ќе се вакцинираат по повеќе граѓани или не се чекаат насоки од Министерството за здравство. Од таму информираат дека Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.

Вкупно се аплицирани 529.445 дози вакцини, а ревакцинирани се 219.061 граѓани. Со последните бројки 52% од населението над 70 години, 49% од населението над 65 години и 42% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина.

Лаура Стојанова М-Нет