Илузија е новата песна на македонскиот артист Дарко Андонов, достапна на социјалните мрежи

Познатиот македонски артист Дарко Андонов ја објави својата најнова песна наречена „ИЛУЗИЈА“, кои се веќе достапни на неговиот YouTube канал од 5-ти мај. Песната, исполнета со длабоки емоции, влегува во алтернативниот поп жанр и носи уникатен музички израз што ќе го освои секој љубител на квалитетната музика.

„ИЛУЗИЈА“ претставува значајно продолжение во музичката кариера на Андонов, кој е познат по својата способност да комбинира различни стилови и да создава оригинални композиции. Неговата најнова песна носи посебен аранжман на Кире Јакимов и потпис на авторот на музиката и текстот, Дарко Андонов.

„Песната е полна со емоции и има уникатен звук што ја прави специфична и различна од сè што досега сме имале можност да го слушнеме на македонската сцена,“ изјавува Андонов за својата нова нумера.

Промоцијата на песната беше со големо внимание на 5-ти мај, и сега „ИЛУЗИЈА“ е достапна на сите платформи, вклучувајќи го и YouTube, каде што гледачите можат да уживаат во креативниот и визуелно интересен видеоклип.

Инаку, Синглот „ИЛУЗИЈА“ ја потврдува позицијата на Дарко Андонов како еден од најистакнатите музички креатори на домашната сцена. Прекрасната комбинација на емоции, иновативен звук и уникатна визуелна естетика сигурно ќе ја освојат публиката.

Иван Митев, М-Нет