
Неисплатените субвенции за реколта 2021 и редовните за 2022 година повотрно на нозе ги крена земјоделците, оризопроизводтели од кочанско. Преку писмо кое ќе се испрати до Премиерот, бараат исплата на субвенциите за да може да почнат подготовките за пролетната сеидба на белото злато. Велат дека тие пари сега се најпотребни и ако не им се иплатат под знак прашалник се става производството на ориз.
„Ќе бараме средба, Министерот и Премиерот да дојдат, дополнителните субвенции од три денари да бидат исплатени за реколта 2021 година, а редовните за 2022 година да бидат исплатени до крајот на месец јануари. Пролетна сеидба почнува, ние без тие пари не можеме да почнеме. Тоа е редовните се некаде околу 1800 денари по единца декар, или по 18 000 по хектар, а дополнителните на предадена оризова арпа.“ – вели Арсов.
Ако во рок од 10 до 15 дена нема повратен одговор од страна на надлежните, оризарите најавуваат нов голем протест на патниот правец Штип – Кочани, прв за оваа тековна година.
„Сеидбата почнува од 15 април, но обработката и припремата ќе почне од февруари. Тие пари ни се неопходни и потребни за да почне припремата за сеидбата. Треба да ги исплатат, за 2022 година, сега сме 2023. Ако не одговорат протест ќе има, оризопроизводителите повторно ќе бидеме на патот.“ – додава Арсов.
Оризопроизводителите од кочанско претходната година во континуитет протестираа со цел да ги добијат своите права. Произведуваат храна и велат повеќе од потребно е да ги добијат парите кои се нивни и ги следуваат. Во спотривно ставуваат дека оризот како култура во кочанско ќе почне да умира.
Лаура Стојанова М-Нет