Изработка на штипски пастрмајлии во детската градинка Астибо во Штип

Штипски пастрмајлии денеска правеа дечињата од големите и средните групи, во детската градинката Астибо, додека помалите групи изработуваа пастрмалии од различни материјали, согласно воспитната програма. Директорката на градинката, Ивана Ангеличкова истакна дека со ова се негува македонската традиција.

,,Денес со почетокот на настанот коишто се одржува на ниво на Општина Штип, децата од ДГ Астибо се вклучени во изработка на нашиот гурмански специјалитет по којшто сме познати. Сето ова е во корелација со воспитната програма, односно сакаме да напоменеме дека негувањето на традицијата и изучувањето на македонската традиција и ние како детска градинка којашто ги згрижуваме најм,алите се вклучуваме во сето тоа да допреме до нив, да децата знаат како и кога ќе пораснат да ја негуваат традицијата. Се надевам дека некое од овие дечиња ќе стане кѕвар и ќе го памети ова занимање и изборот на неговата професија. Во изработката се вклучени дечињата од големите и среедни групи, а помалите дечиња изработуваа пастрмалија со различни материјали, вклучени се сите дечиња во сите објекти и се надевам ќе уживате“, вели Ангеличкова

Директорката Ангеличкова ги поканува сите граѓани и родители, утре на Шеталиштето Ванчо Прке во Штип, со почеток од 11 часот, да се проследи настапот што дечињата го спремиле.

,,Воедно, сакам и да ги поканам сите граѓани, сите родители утре со почеток од 11 часот, на Шеталиштето Ванчо Прке да дојдат и да го пронајдат настанот коишто дечиињата ги спремија и имаме едно мало изненадување за сите посетители, да видат што нивните дечиња денес ќе изработат во градинката“, кажа Ангеличкова

Дечињата среќни го правеа познаат штипски гурмански специјалитет.

Директорката Ангеличкова се надева дека преку ова занимање во градинките кај некое од дечињата ќе се јави желба за иден кувар.

Ева Тушевска, М-Нет