Изолацијата на медицински персонал во КБ Штип, прилика за нов прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип

Поради изолацијата во која е медицинскиот персонал од Кардиологија и Физикална при Клиничка болница Штип, ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип, со обвинение дека распоредот на вработените и неодговорноста на директорот резултира со ширење на пандемијата онаму каде треба да сме најсигурни.

„Каква голема трагедија ни се случува пред наши очи! Поради неефикасен распоред на вработените и несоодветни протоколи од страна на менаџментот во одделенијата на болницата, медицински персонал од Кардиологија и Физикална се во изолација. Неодговорноста на директорот и неговите блиски соработници резултира со ширење на пандемијата, токму онаму каде што треба да сме најсигурни. Клиничката болница во Штип, наместо да се грижи за здравјето на пациентите и на вработените, покажува знаци за жариште на опасната болница“ – беше дел од изјавата на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.

Огдовор на прес конференцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип, дадоа и од Клиничката болница Штип.

„Денес ВМРО се надмина себе си со овој таканаречен прес. Да обвинуваш раководство на болница дека е виновник што имаме случаи на Ковид 19 и изолирани вработени на одделите за Кардиологија и Физикална медицина е во најмала рака подло и ниско. Дали постои болница во светот каде што нема заболен персонал од Ковид 19? Секаде здравствените работници се со зголемен ризик за инфекција, затоа што и тие се луѓе, имаат и работни обврски и приватен живот и апсулутно е не важно од каде може да се заразат, иако ги почитуваат мерките за заштита.“

Од Клиничката болница Штип во соопштението истакнаа дека Вмро можеа барем во две реченици да им посакаат брзо оздравување на сите болни здравствени работници но тоа не се случи, а истото не го ни очекувале.

Лаура Стојанова М-Нет