Изгорена сува трева, сведоштва на Снежана Манева за вчерашниот пожар во Кочани

Снежана Манева жител на улицата „Иван Иванов Балашо“ во Кочани сведочи за вчерашниот пожар кој се случил кај Спомен домот „АСНОМ“ според неа тревата треба да се коси додека е зелена со цел да не дојде до нејзино палење. Постојат одреден број на луѓе кои што се невработени за кои што како што вели дека решение за нив би се нашло доколку Општината ги ангажира за овие површини да бидат искосени за во иднина да се намали бројот на пожари.

„Се случува некогаш имавме една година во еден ден три пати пожар додека дојдат го гасат потоа пак се запалува. Тревата треба да се коси додека е зелена да не се создаде вакво стрниште што лесно се пали, значи има толку многу луѓе што немаат работа, што нема што да работат, примаат социјална помош зошто Општината не ги ангажира овие површини да се искосат да не дојде до оваа фаза на сува трева што лесно гори и што лесно може да направи проблем. Јас цревото го извадив од гаражата. Прво бандерата ја вадевме за да не се запали да не дојде до поголем проблем“ посочи Манева

Прво се јавила на 193 а оттаму ја упатиле да се јави на бројот за итни случаи 112, вели дека имала проблем со тој број бидејќи никој не комуницрал со неа туку само секретарката го повторувала бројот.

„Ѕвонев на 193 ме упатија на 112, се јавувам на 112 ми го повторуваат постојано бројот, меѓутоа никој не комуницира со мене туку само го повторуваат бројот. Јавете се на 112 за итни случаи нема никаква реакција на моето јавување и после дојдоа пожарникарите, колите, и за брзо време се санираше се.“ вели Манева

Манева вели дека ова не е прв случај со пожар на ова место, во минатото се случувало да има и по три пожари на ден.

Лаура Стојанова, М-Нет