
Утре ќе биде отворено 25 коло на Првата лига со „вечното дерби“ меѓу Пелистер и Вардар, а оваа рунда ќе се затвори во понеделник со останатите пет натпревари.
Делегирани се и судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата на шестте прволигашки натпревари.
Фуркан Идризи го доби „вечното дерби“ меѓу Пелистер и Вардар, кое се игра во Битола, веќе утре.
Стојанче Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Брера Струмица, Бењамин Ќерими ќе биде задолжен да ја дели правдата во Кратово каде играат Силекс и Тиквеш. Александар Урошевиќ ќе им суди на Гостивар и Воска Спорт.
Главен судија на мечот меѓу Работнички и Беса ќе биде Боби Величков, а пак Ндерим Тефику ќе им суди на шампионот Струга Трим Лум и Шкупи.
Сите натпревари од 25. коло на ПМФЛ ќе започнат во 15 часот.
Александар Ванев, М-Нет