
Двајцата штипјани што претепаа 21-годишна девојка и тоа го снимија на видео ќе бидат изведени пред Основен суд Штип после велигденските празници. Основното јавно обвинителство од Штип заврши со истрагата и поднесено е обвинение.
23-годишниот П.Р. и 26-годишниот С.А. се обвинети за „Насилство“, дело за кое Кривичниот закон предвидува казна затвор во траење од шест месеци до пет години.